Бели ноќи од прва рака: Што велат санктпетербуржани за овој природен феномен

Сергеј Смирнов/Global Look Press
Факт е дека во мајските и во јунските денови голем број луѓе сакаат да се најдат во овој град и без исклучок очекуваат магија. Ги прашавме жителите на Санкт Петербург како тие ги минуваат белите ноќи.

За време на магијата позната како бели ноќи, од средината на мај до средината на јули, северната руска престолнина Санкт Петербург нема сон. Станува збор природен феномен кога се стемнува само еден час, а ноќта потсетува на самрак. Во овој период во градот се слеваат огромен број заинтересирани туристи, а мештаните сакаат да го романтизираат овој феномен. Што е толку привлечно во белите ноќи? Најдобро е за тоа да кажат нешто самите санктпетербуржани.

Време за романтика

„Ноќта беше волшебна, каква што може да биде само кога човек е млад, љубезен читателу“, вака започнува единствениот сентиментален роман Фјодор Достоевски „Бели ноќи“. Писателот кој долго живеел во градот на Нева, прв укажал на романтиката на мајските и на јунските недели и опишал како ефемерноста на оваа појава влијае на основачката природа.

Јунакот на Достоевски осамен талка низ градот, ги набљудува лицата, и верува дека ќе пронајде пријател или пристојна девојка. Во еден момент догледува женска фигура покрај каналот и слуша плач. Ѝ приоѓа, а потоа се гледаат неколку ноќи и зборуваат за многу работи, еден на друг си ја отвораат душата. Меѓутоа, како што веројатно ви е познато, кај Достоевски не постои среќен крај. Сепак, белите ноќи, веројатно по заслуга и на рускиот класик се сметаат за еден од најромантичните временски периоди.

Пејзаж и изјави на љубов

Санктпетербуржанката Јулија секоја година за време на белите ноќи се симнува на Нева на Дворцовиот кеј покрај мостот преку Зимскиот канал. Таа смета дека ова место е идеално за гледање на залезот на сонцето на Стрелки на Василевскиот остров, а подоцна и кревањето на подвижниот Дворцов мост.

„Ќе земам шал и термос со чај и ја набљудувам панорамата на свечениот Петербург, го слушам жуборењето на реката и звуците на градот. Меѓутоа, еднаш несакајќи влегов во улога на сведок на запросување. Верувам дека тоа е добар знак, предвесник на убави промени во личниот живот“, вели оваа девојка.

Чуда и подвижни мостови

Нина се сеќава на времињата кога се кревале апсолутно сите мостови во градот и кога само по некакво чудо можело да се префрлиш на другата страна од брегот: „Што ја тераше мојата другарка во три часот по полноќ дома, во полна соба случајно затекнати луѓе во студентскиот дом и ден денес не сфаќам“.

Според Нина другарката му дотрчала на полициско возило и повикала: „Чичко, колку чини да се спуштат мостовите: Згора на тоа ја отворала вратата и седнувала на задното седиште и тажно ја повторувала молбата, велејќи дека не може да чека и дека утре има испит. Неочекувано возилото тргнало, а полицајците само рекле: „Кога треба, тогаш треба“. Било навистина страшно и се претворало во нешто неверојатно. Од кејот ги прфрлале на шлепер. Кормиларот буквално ги фаќал за нозе, по пат слушајќи ги барањата на Оља да се придржуваат до определена рута. „Потоа запловивме. На дожд и на ветар, во пресрет на сништата кои спиеја или пиеја, и на бродот кој беше врзан на Петропавловската тврдина“.

Музика и шетање до утро

Александра признава дека се преселила од Москва во Санкт Петербург меѓу другото и поради чудесните бели ноќи. „Никако не смее да се пропуштат белите ноќи. Целата година постои само поради нив. Мрачните локални зими и неподносливите есенски дождови можат да се поднесат само со помислата за мај и за јуни“, вели таа.

Александра се сеќава како една со колешката од работа, по работното време отишле на кејот да си помуабетат и зеле вино. Се расприкажале и воопшто немале впечаток дека поминало многу време, кога речиси во ист момент им заѕвонеле телефоните. Тоа биле нивните сопрузи во паника и прашувале каде исчезнале нивните сопруги. Излегло дека веќе било полноќ, а тие не ни забележале зашто толку било светло.

Меѓутоа, поголем дел од вработените жители на градот веруваат дека романтиката на белите ноќи е наменета за студентите и за туристите. Родената санктпетербуржанка Ала, инаку сентиментална кон овие денови, вели дека сега мошне ретко шета ноќе зашто е возрасна, а и пријателите тешко можат да ја натераат.

„А, претходно беше уау. Ќе се собере друштвото, гитари, свирки. Сите весели, разиграни одевме на прошетка. Во зори првите пешаци, поспани, со тежок од заминуваат на работа, а ти си одиш полека, изморена, но среќна. Еее..“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња