На интернет се објавени впечатливи снимки од Камчатка. Таму дојде до ерупција на Кључевскиот вулкан. Вжарената лава се слева низ две широки пукнатини на северозападната падина. Таа го топи ледникот, при што настанува голема каллива буица.
Од местото на вулканската активност до блиската населба Кључи има само неколку километри. Претходно ерупциите се случуваа во кратерот на врвот на планината. На Кључевскиот вулкан, најголемиот вулкан во Евроазија стар седум илјади години и висок пет километри, веќе пристигнаа стручњаци за да земат свежи примероци лава.
Претходно туристите беа предупредени за опасноста што ја претставува искачувањето на активниот вулкан. Во близина на Кључевскиот вулкан се бележи зголемена концентрација на хемиски елементи и соединенија во воздухот поради што „може да дојде до алергиски реакции“.