Конкурсот за избор на најубави фотографии на Русија под називот „Најубавата земја“ Руското географско друштво го организира од 2015 година. Секоја година илјадници фотографи испраќаат снимки направени со скапи камери, но и со најобични паметни телефони. Жирито ги оценува работите во десет категории, од прекрасни пејзажи до необични сцени од дивата природа. Погледнете ги фотографиите што пристигнаа први во 2021 година. .
Александар Романов: Плишено мече
Девојче со мече. Фотографијата е снимена во Јамало-Ненецкиот автономен округ на Тазовскиот полуостров минатата година.
Олга Александрова: Стигни ме ако можеш
Олга Александрова е авторка на популарен блог за животни на Тајмир. Ги фотографира во најнеобичните можни ситуации. Овој арктички сокол е внесен во Црвената книга на загрозени видови.
Григориј Иваников: Зимски пејзаж на ‘ртот Анива на островот Сахалин
Светилникот на ‘ртот Анива е една од најпознатите знаменитости на островот Сахалин. Се наоѓа на границата на Охотското море, оковано од мраз, и топлиот залив Анива.
Александар Меркушев: Остатоци на потопен брод
Поларната светлина фотографирана ноќта меѓу 7 и 8 февруари во Мурманската област. На фотографијата е стариот, заборавен брод ПКЗ-112 во заливот Пала.
Евгениј Хиљкеевич: На пат до врвот Тумрок
Радијално искачување на врвот Тумрок на Камчатка. Патот оди преку гребен, понекогаш под помал агол и широки, а повремено со тесни и вртоглаво стрмни падини. Ваквиот поход се смета за далеку најкомплицираниот.
Олег Богданов: Лисица
Фотографијата од оваа лисица незадоволна од снегот е направена во Иљменскиот резерват на природата во Челјабинската област минатата година. Лисиците кои живеат на северот на Русија се покрупни и имаат поинтензивна боја на крзното.
Сергеј Пестерев: Замрзнатиот Бајкал
Во текот на зимата Бајкалското езеро станува вистинско царство на мразот во најразлични форми и бои. Погледнете само каква е таа убавина. На нашиот портал претходно беше објавен текст посветен на феноменот на мразот на Бајкалот.
Николај Сапронов: Добро утро, Чегет!
Падините на Елбрус во Кабардино Балкарија се едно од најубавите места за сликање на изгревањето и заоѓањето на сонцето. Фотографијата е направена од висина од околу 4200 метри со поглед на Чегет зад кој веќе се гледаат планинските врвови на Грузија.
Евгениј Плешков: Мрачен сопатник
Не, не гледате двојно. Тоа се едноставно два бува кои добро се скриле еден зад друг. Фотографијата е направена во градот Мајкоп во Адигеја.
Дмитриј Кочергин: Месечева соната
Зимска бајка во националниот парк Таганај на Јужен Урал. Фотографијата е снимена 2020 година.
Олег Семенкевич: Во село
Вистинска зимска фотографија од село во Мурманската област, во близина на градот Апатиди.