Жителката на Магаданската област, на социјалните мрежи позната како @magadanulia, во декември објави импресивни фотографии на Охотското море.
Нагаевскиот залив, снимен од птичја перспектива, ги воодушеви корисниците на „Инстаграм“ со неверојатната комбинација на бела и тиркизна боја. „Азурниот брег... на Охотското море“, коментираа следбениците.
Фотографиите се снимени во близина на ‘ртот Њукља за време на плима.