Неверојатно убави глетки од затрупаната со снег Русија (ФОТО)

Патувања
RUSSIA BEYOND
Дрвја покриени со снег, снежни навеви високи преку два метри и –50 Целзиусови. Ги собравме сите најубави фотографии од снежната Русија кон крајот на 2020 година.

Последниот месец од 2020 година во многу руски региони падна снег. А снежните навеви го покрија зимското одморалиште Шерегеш во Сибир уште кон средината на ноември, кога и беше отворена сезоната на скијање.

Кон крајот на ноември падна снег во Норилск, еден од градовите на Крајниот Север. Сега го има толку што мештаните скокаат во снегот како во базен!

Поради снегот не можеше да се дојде ни до аеродромот во Норилск. Патот беше затворен од 26 ноември до 3 декември.

Кон крајот на ноември снег падна и во Москва.

Во ноември снегот го затрупа и селото Териберка во Мурманската област на Крајниот Север.

Мурманската област е целосно покриена со снег.

На 6-7 декември снег падна во Магадан, град на североистокот на Русија.

На првиот снег му се радува и далекоисточен леопард во националниот парк на Приморскиот крај.

На 7 декември температурата во Ојмјакон, едно од јакутските села, падна до -50 Целзиусови степени. Учениците можат да останат дома дури од −52 ºС, така што тој ден сé уште беше училишен.