Планирано е во најскора иднина во Москва да се појави речен јавен патнички сообраќај. Московјаните и гостите на градот ќе можат да го користат како алтернатива на вообичаените типови на транспорт. Ова го соопшти секретаријатот за сообраќај на град Москва.
Се очекува редовните речни линии да профункционираат за две години. „Речните трамваи“ ќе сообраќаат на секои 4-10 минути со можност за плаќање на возењето со картичката за сите типови московски јавен сообраќај „Тројка“.
Претходно градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин најави дека московското метро ќе биде удвоено. Тој додаде дека 70% од оваа програма се веќе усвоени. Притоа градоначалникот истакна дека ќе продолжи да презема мерки за подобрување на сообраќајната ситуација во престолнината, инаку, според неговите зборови, „градот просто ќе се засркне“.