Какви сé чудесии има во Русија - и огромни мочуришта со големина на европска земја, и виолетови ливади во Сибир кои потсетуваат на Прованса, па дури и розови езера. А на Крим има дури и карпи од „сирење“.
Карпестиот брег на Тузлух во селото Малореченско, во близина на градот Алушта, народот популарно го вика „сиренести карпи“ поради неговите чудни форми.
Всушност брегот е формиран од кварцни песочници.
Под дејството на водата и ветрот на површината се формирале мноштво кратери и дупки.
Во комбинација со жолтата боја на самиот песочник, сето ова многу потсетува на сирење.
Сега е место за привлекување туристи и инстаграм-блогери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче