Русија од први август го обновува меѓународниот авионски сообраќај, изјави премиерот Михаил Мишустин.
„Притоа се раководевме според епидемиолошката ситуација, според показателите на заболувањата и принципите на реципроцитет“, прецизираше тој.
Во странство ќе може да се отпатува од аеродромите во Москва, Московската област, Санкт Петербург и Ростов на Дон.
Заменикот-премиер Татјана Голикова објасни дека засега се работи за три земји - Велика Британија, Турција и Танзанија, но дека листата полека ќе се проширува.
Русија во март ги затвори границите поради пандемијата на новиот коронавирус. Преговори за обнова на сообраќајот се водат од средината на јули.