Првата приватна јахта-мразокршач на руски олигарх (ФОТОГРАФИИ)

Damen Yachting
Во Холандија е спуштена во вода јахта долга 77 метри, сопственост на рускиот милијардер Олег Тинков. Приватниот мразокршач може да се изнајми за 740000 евра неделно.

Олег Тинков, рускиот милијардер кому му припаѓа „Тинкофф Банк“, соопшти на времето во интервју за магазинот „Форбс“ дека планира да направи јахта-мразокршач.

„Сакам да направам мразокршач и да пловам на Северниот пол, на Антарктикот и Арктикот, по Северниот морски пат да ги обиколам Камчатка, Чукотка и Курилите“, рече тогаш Тинков.

А во март 2020 година соопшти дека боледува од леукемија, за во јуни истата година да изјави дека го преболел коронавирусот. И покрај болеста, изградбата на приватниот мразокршач заврши. Траеше две години и чинеше повеќе од 2,4 милијарди долари, соопшти порталот Yacht Harbour повикувајќи се на „Форбс“.

Како што наведува Yacht Harbour, јахтата на Олег Тинков La Datcha е спуштена во вода во пристанишниот град Влисинген во Холандија. Пловилото го направи компанијата Damen Yachting.

Овој приватен мразокршач крши мраз со дебелина 30-40 см и може да помине 40 дена на отворено море.

Јахтата има две џакузи кади, сауна, парна бања, кабинет за масажа и теретана. На љубителите на активниот одмор им се на располагање два хеликоптера, моторни санки и подморница.

La Datcha може да прими 25 членови на екипажот и 12 гости. За гостите се подготвени шест бродски кабини, вклучувајќи и две луксузни кабини со сопствена бања и просторија за гардероба.

На сајтот La Datcha пишува дека јахтата-мразокршач може да се изнајми за 740000 евра месечно, со тоа што е потребно да се уплатат 30% депозит. Сопственикот планира да поминува на својата јахта 20 недели годишно.

„Светот е толку голем, а нашиот живот толку краток што ние мораме да истражуваме колку што е можно повеќе“, вака Тинков ја прокоментира веста за изградбата на јахтата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња