Минатиот петок приватен хеликоптер пролета под еден од петербуршките мостови на реката Нева. Наведениот настан „Росавијација“ веќе го нарече „инцидент“. Според зборовите на еден од сведоците, од хеликоптерот се снимала забава која група млади ја организирале на реката Нева, а на снимката можат да се видат јахти и џет-ски пловила. Хеликоптерот, меѓутоа, неочекувано направи круг над реката, се сврте кон мостот и пролета под него.
Потоа пилотот слета со хеликоптерот на хелиодромот во селото Гостилица, каде полицијата го приведе. Според некои информации, пилотот немал дозвола за летање. Надлежните сообраќајни органи при градот Санкт Петербургу ги истражуваат околностите под кои се одигра настанот кој може да се нарече „воздушно хулиганство“, пренесува порталот 78.ру.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче