Сите 244 станици на московското метро за три минути! (ВИДЕО)

Патувања
RUSSIA BEYOND
За само три минути експресно посетете ги сите 244 неверојатни станици на московското метро (до крајот на 2016)!

„Во споредба со нашето валкано, неудобно метро, вашето е просто чудесно!“, едногласно се изјаснија корисниците на „Фејсбук“ кога ја погледнаа кратката видео-обиколка на станиците на московското метро.

Жителите на САД и Велика Британија признаваат: не ни сонувале дека во една подземна железница постои таков раскош.

„Толку е чисто, нема дури ни графити“, изненадени се странците.

„Тоа е вистинско уметничко дело - чисто и безбедно. За њујоршкото метро не би можела да го кажам тоа“, потврдува Marta Ze.

„Ги имате најубавите станици на метрото“, признава Alfredo Co.

„Со задоволство би ја посетил Москва. Тоа е многу подобро од здодевните и валкани станици кај нас во Британија“.