Магична средба на луксуз и немаштија:Санктпетербуршки станови кои паметат некои други времиња (ФОТО)

Maxim Kosmin
Ова не е нешто што странците обично имаат можност да го видат кога ја посетуваат северната руска престолнина.

Соби што зрачат со специфична атмосфера на минатите епохи со уникатен декор, камини, стари слики и фотографии, гипсени релјефи, ексцентрична мешавина на луксуз и немаштија... Ентериерите на санктпетербуршките станови често се скриени од очите на странците, па дури и на самите Руси. Но, сега, благодарение на фотографиите на Максим Космин имате можност да ја запознаете нивната магичност.

Максим, инженер од Санкт Петербург, бараше стан за себе, а кога го најде, не престана да ги обиколува недвижнините во понудата. Почна да објавува фотографии на она што го виде, патем истражувајќи ја историјата на својот роден град и неговата архитектура.

Во тоа време тоа за Максим беше само хоби. Денес проектот се разви, тој ја напушти својата поранешна работа и се концентрираше на истражување на минатото на градот.

Во моментов има 216000 следбеници на „Инстаграм“ и 57000 следбеници на својата група на социјалната мрежа ВКонтакте. Овде тој не само што ги споделува фотографиите од становите што ги посетил, туку исто така открива и интересни податоци за животот во Санкт Петербург во царско време.

„Овие станови се временски капсули кои ги паметат сите тешкотии на 20 век. И веројатно ниеден град на светот ги нема во толкава мера како Санкт Петербург”, вели Максим.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња