Санкт Петербург на фотографии од крајот на XIX – почетокот на XX век

Берза. 1900-те

Берза. 1900-те

Издание Б. Аванц
Како изгледале улиците и каналите на руската престолнина за време на последните Романови.

1. Невски проспект. 1900-ти

Денес главната улица на некогашната руска престолнина е покриена со асфалт, трамваи на неа нема (само тролејбуси), но метежите и понатаму се секојдневна појава. За волја на вистината нив не ги прават колони кочии, ами автомобили.

2. Невски проспект. 1880–90-ти

Главната градска артерија тука се гледа од друг агол. Ја препознавате ли познатата „конка“ или „коњскиот трамвај“? Тоа бил еден од првите облици на јавен градски превоз во Петербург, а се појавил во 1863 година. Трамваите влечени од коњи сообраќале од Плоштадот на востанието по Невската авенија до Стрелка (архитектонски комплекс на источниот брег на Василевскиот остров).

3. Споменик на Николај I. 1880–90-ти

Статуата на императорот во свечена униформа на коњ се појавила во Петербург во 1859 година и до денес се наоѓа на плоштадот пред Исакиевскиот храм.

4. Берза. 1900-ти

Во центарот на архитектонскиот ансамбл на источниот брег на Василевскиот остров (Стрелка) се наоѓа зградата на Берзата која ја проектирал францускиот архитект Жан-Франсоа Тома-де-Томон. Во далечината се гледа еден од познатите Рострални столбови кои во 19 век имале сосема практична намена: служеле како светилки на пристаништето

5. Троицки мост. 1900-ти

Денес Троицкиот мост е една од најпопуларните знаменитости на градот. Стотици туристи доаѓаат за да го гледаат ноќното кревање на мостовите. Затоа е тешко да се замисли дека мостот на оваа фотографија е тукушто отворен.

6. Троица-Измајловски храм. 1880–90-ти

Првобитно на ова место се наоѓал храмот на телесната гарда на Измајловскиот полк, но тој бил тешко оштетен во поплава во 1824 година. Тогаш од личните средства на Николај Први подигнат е нов камен храм. Тој е отворен во 1835 година, а затворен е во 1938 од страна на советските власти. Богослужбите повторно започнале во 1990 година. Меѓу другото, тоа е храмот во кој се венчале Достоевски и Ана Сниткина.

7. Кејот на реката Фонтанка. 1880–90-ти

Недалеку од храмот тече реката Фонтанка. Нејзиниот тек денес го следат прекрасните градби на Петербург, а порано тука се наоѓала јужната граница на градот. Реката преполна со кал била прочистена во 18 век, а нејзините брегови се покриени со гранит за да се снабдуваат со вода фонтаните во Летната градска градина. Оттука и потекнува називот на реката.

Денес по Фонтанка пловат туристички бродови и излегуваат на широката Нева.

8. Дворцов плоштад. 1880–90-ти

Плоштадот пред Зимскиот дворец, како што може да се види, до денес малку се сменил. Речиси два века тука се издига Александровскиот стол и се одржуваат паради.

9. Исакиевски храм. 1880–90-ти

Изградбата на една од главните цркви во Петербург траела околу 40 години. Храмот е отворен во 1858 година. Денес насекаде околу црквата има многу автомобили, а порано тука се наоѓала оваа раскошна пешачка зона.

10. Тремот на Новиот Ермитаж. 1880–90-ти

Еден од симболите на Ермитаж се овие познати атланти. Поставени се во 1851 година. Тогаш е доѕидана зградата на Новиот Ермитаж за во неа да се сместат скапоценостите кои не можеле да бидат сместени во стариот дворец. Освен тоа, во дваесеттите години од 20 век тука бил и главниот влез.

11. Скулптурна група „Скротување на коњ“ на Аничковиот мост. 1880–90-ти

Едно од најубавите места на Невската авенија е камениот мост со познатите скулптури на коњ на Пјотр Клот. Отворен е во 1842 година на местото на стариот камено-дврен мост и до денес се зачуван во изворната состојба.

12. Казањски храм. 1880-90-ти

Црквата е осветена во 1811 година, а подоцна станала главна ризница на трофеи од војната против Наполеон. Со црквата се поврзани најмалку две големи трагедии. Во 1905 година на плоштадот пред црквата се случила Крвавата недела, кога властите отвориле оган врз работничките демонстрации, а во 1913 година на литургијата по повод одбележувањето на 300-годишнината од Романови во црквата во толпа загинале 34 лица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња