
Georg Wallner/Mesto47
Што е првото што му паѓа на човека на ум кога ќе помисли на патување низ Русија со Транссибирската железница?

Georg Wallner/Mesto47
Најчесто првата асоцијација е седумдневното трускање во воз без одмор и бескрајна тајга насекаде наоколу.

Georg Wallner/Mesto47
Па сепак, новинарката Марина Дмуховска и фотографот Георг Валнер тврдат дека на патникот никогаш не му е здодевно на тоа долготрајно патување.
Georg Wallner/Mesto47
По враќањето од патувањето од Москва во Владивосток тие започнаа цел проект под називот „Mesto47“ каде што се претставени фотографии и приказни што ги слушнале во возот.
Georg Wallner/Mesto47
Ќе видите мали села со пријатен амбиент, храмови, советски железнички станици, фантастични реки и уште многу убави нешта.
Georg Wallner/Mesto47
„Ова е најоригиналната „ТВ-програма“ што некогаш сте ја виделе“, вели Марина.
Georg Wallner/Mesto47
Според неа, зајдисонцата се можеби и најпривлечните глетки на целото патување.
Georg Wallner/Mesto47
„На почеток постојано нешто фотографирате, а потоа се навикнувате на таа убавина и едноставно уживате во разговорот и пејзажите“, додава Марина.
Georg Wallner/Mesto47
Патувањето со Транссиб дури ја потсетило Марина на медитација. Доволно е да се набљудува таа бескрајна пруга за човек да почувствува некое внатрешно спокојство. А и да не зборуваме за ритмичниот тропот на тркалата.
Georg Wallner/Mesto47
Постојано очекувате од некоја шума да се појави мечка, но секако најинтересни се приказните што ги слушате од сопатниците додека пиете со нив чај.
На овој линк можете да видите и други фотографии направени низ прозорецот на возот, а во поткастот можете да ги слушнете приказните на сопатниците со кои Марина и Георг разговарале во возот на Транссибирската железница.
Georg Wallner/Mesto47