Се работи за еден од неколкуте терминали на„Шереметјево“ во чие проектирање учествуваше оваа српска фирма, вклучувајќи го и Терминалот Б. На отворањето присуствуваа над 700 гости. Притоа Горан Николиќ и Јелена Крстовиќ Николиќ, директор на белградската фирма и нејзин водечки архитект, добија признание за нивната работа.

Александар Авилов/Агентство Москва
„Му благодариме на клиентот што го препозна нашиот труд и за поддршката во текот на заедничката реализација на проектот. Бевме инспирирани од руската авангардна архитектура од почетокот на 20 век. Нашата идеја беше терминалот да го рефлектира ова уметничко движење и луѓето, веднаш штом ќе излезат од авионот, да почнат да ја доживуваат руската култура“, рече Горан Николиќ.

Александар Авилов/Агентство Москва
За над 40 милиони патници годишно Северниот комплекс на терминалот, во кој е сместен и Терминалот Ц, ќе биде првиот впечаток што патниците ќе го добијат за руската престолнина. Затоа, задачата на проектот RMJM беше понатаму да го развие пристапот користен од фирмата во проектот на претходно наградениот Терминал Б и да им ја претстави руската историја и култура на луѓето додека одат низ терминалот кон руската сегашност.
Александар Авилов/Агентство Москва
Во целиот терминал може да се забележат руските авангардни техники, како во ентериерот, така и во екстериерот. Идеите на конструктивизмот се толкувани преку инсталации на современи медиуми, благодарение на кои патниците стекнуваат моќен впечаток за Русија, земја со богато историско и културно наследство.
Александар Авилов/Агентство Москва
Ширум терминалот е издвоен простор за зеленило и водни ефекти, за да создаде смирувачка атмосфера среде забрзаниот аеродром. Секој аспект на дизајнот е насочен кон тоа да креира што е можно попријатно искуство за патниците и тоа се одразува во ефикасноста на дизајнот и создадената гостољубива атмосфера.
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва
Александар Авилов/Агентство Москва