„Таврида” од птичја перспектива: како се одвива изградбата на автопатот од Кримскиот мост

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во моментов на новиот автопат во близина на станбените населби се поставуваат панели за заштита од бучава, се подигнуваат мостови и надземни пешачки премини.

Завршени се 85% од федералниот автопат „Таврида“ од Керч до Севастопол, соопшти прес-секретарот на изведувачот на работите, кримската градежна управа на компанијата ВАД Григориј Назаров. Според него, градежно-монтажните работи во моментов се во тек на седум делници на автопатот од Керч до Севастопол.

„Во рамките на првата фаза интензивно се работеше на делниците од Керч до Симферопол и затоа сега е акцентот на петтата и шестата етапа на автопатот, а тоа се обиколницата околу Симферопол и Бахчисарајскиот реон“, рече Назаров.

Во моментов се поставуваат панели за заштита од бучава во близина на станбените населби, се подигнуваат мостови и надземни пешачки премини. На петтата и шестата етапа на патот опфаќаат поставување на насипи и чакална база за излевање на асфалт.

На седмата етапа од патот се поставуваат рабници, одводи за вода, се градат скали на надвозниците, соопшти инфо-центарот „Кримски мост“.

Се очекува дека напролет ќе почне поставувањето на третиот слој на асфалтот. До есента 2020 година ќе биде поставен на сите 250 километри од автопатот.