Санкт Петербург ги отвора вратите за европските лоукостери

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Аеродромот „Пулково“ ја доби Седмата слобода.

Почнувајќи од 1 јануари 2020 година, Санкт Петербург ќе биде отворен за авиопревозници од 30 европски земји, меѓу кои се Македонија, Србија, Словенија, Романија, Белгија, Данска, Ирска, Исланд, Полска и Португалија. Според податоците што ги изнесе информативната служба на „Пулково“, интерес за летови кон вториот по големина град во Русија веќе изразиле нискотарифните авиокомпании Wizz Air, Ryanair, easyJet, Volotea, airBaltic и FlyOne.

Аеродромот „Пулково“ ја доби таканаречената „седма слобода“ во воздушниот простор, што значи дека авиопревозникот има право да сообраќа меѓу други странски земји. Овој систем во голема мера го користат претежно нискотарифните компании.