Фотографот Денис Бутков живее во еден од најнепристапните и најубавите региони на Русија, на Камчатка. Тука, на крајот на Земјата, можете да се искачите на вулкан, да шетате покрај Тихиот океан и да бидете меѓу првите во Русија кои го дочекуваат изгрејсонцето.
Со својот објектив Бутков често лови уникатни моменти од животот на дивите животни, кои и не претпоставуваат дека некој ги набљудува.
Дали некогаш сте виделе како мечка ги учи своите мечиња да ловат риба?
Денис Будков
Денис Будков
Или ова проѕевање на лисица?
Денис Будков
И животните сонуваат! Што мислите, за што мечтае оваа црвеноопашеста убавица?
Денис Будков
Е, тоа е добар улов!
Денис Будков
„Моја е рибата!” „Не е, туку е моја!”
Денис Будков
„Ух, овие туристи! Доаѓаат само да го гледаат вулканот, а јас всушност сум главната атракција!“
Денис Будков
Денис Будков
Се чини дека ова е првата зима за овој орел. Изгледа импресиониран од снегот!
Денис Будков
Освен животни, Денис фотографира и снежни ридови, ледени пештери и ретки чуда на природата. „Ова е трет пат за седум години да имаме среќа да уживаме во оваа преубава глетка. Зраците на сонцето што се пробиваат низ тенкиот свод на снежната пештера ја создаваат оваа неверојатна убавина“.
Денис Будков
Денис Будков
Денис е признаен за еден од најдобрите фотографи на светот на бројни национални и светски натпревари, како што се Најдобар фотограф на дивиот свет во избор на BBC и GDT, Монтфото, HIPA, Најдобриот во Русија и други. Тој организира и фотографски тури на Камчатка за да им даде можност на луѓето со свои очи да ја запознаат оваа живописна земја.