На 100 километри од Екатеринбург има едно извонредно место кое неверојатно потсетува на Црвената планета, а локалното население го нарекува Уралски Марс.
Глинените ридови се протегаат 20 километри, а вкупната површина на напуштениот коп за глина изнесува 75 квадратни километри.
Копот постои од 19 век, а во 1930 година овде е изградена и првата циглана.
Во Богдановическата фабрика е правена црвена тула за уралските металуршки комбинати.
Глината тука е со различни бои и нијанси, од бела, преку жолта и црвена до црна.
На Уралскиот Марс флората речиси и да не постои, но ќе видите неколку сини и црвени реки и езера, поради кои ќе ви се стори како да сте на некоја далечна планета.
Капењето во таква вода е забрането, бидејќи необичната боја ја прави фабричкиот отпад.
Но, никој нема да ви забрани да направите серија фотографии од Марс, или пак да направите филм за освојувањето на вселената.