Декрет за таа цел потпиша рускиот претседател Владимир Путин.
Апликантите треба да пополнат формулар на веб-страницата на конзуларното одделение на руското Министерство за надворешни работи и да закачат фотографија; нема никаква конзуларна такса. Апликацијата може да се пополни не подоцна од четири и не порано од 20 дена пред очекуваниот датум на влегување.
Визата важи за престој во Санкт Петербург и околната Ленинградска област до осум дена. Целта на патувањето може да биде туризам, бизнис или хуманитарни причини.
На почетокот на јули беше воведена е-виза за патувања во Калининград и Калининградската област за граѓаните на 53 земји, меѓу кои и Македонија. Слична шема е во функција за Владивосток и аеродромите низ целиот Далекоисточен федерален округ на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче