Помина првиот воз преку Кримскиот мост

most.life
Преку железничкиот дел на Кримскиот мост, од станицата „Патнички Тамањ“ до станицата „Јужен Керч“ првпат помина воз во кој беа новинари и Аркадиј Ротенберг, сопственик на компанијата која ги изведува работите.

Локомотивата со еден вагон за половина час го помина целиот мост, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

„Ова е пробно возење. Планирано е во декември оваа година мостот да се отвори за железнички сообраќај“, соопшти Аркадиј Ротенберг, сопственик на компанијата „СГМ Мост“ која го гради Кримскиот мост.

Шефот на градилиштето Александар Островски истакна дека работите течат според планот. Сега е, според него, веќе завршена монтажата на сите конструкции на мостот.

„Се поставуваат железничките инсталации – струјата, комуникациите, итн.“, рече тој.

Ротенберг додаде дека сега на Таманскиот полуостров се рекултивира земјиштето.

На железничкиот дел на Кримскиот мост возовите ќе се движат со брзина од 80 км/ч.

На 11 септември беше соопштено дека на железничкиот дел на Кримскиот мост почнало поставувањето на системот за автоматска контрола и регулирање на движењето на возовите.

На 23 август министерот за сообраќај на РФ Евгениј Дитрих, за време на работната посета на Севастопол соопшти дека железничкиот сообраќај по Кримскиот мост, како што и беше планирано, ќе биде пуштен до крајот на 2019 година.

Кримскиот мост е најдолгиот мост во Русија (19 километри). Претседателот на РФ Владимир Путин на 15.05.2018 година го отвори автомобилскиот сообраќај, а отворањето на железничкиот сообраќај е планирано за декември 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња