Мапите на Гугл ни даваат можност да го истражиме кое било место на планетата без да стануваме од кревет. Речиси сите...
Определен број територии се претворени во слепи дамки. Овие мистериозни места едноставно стануваат невидливи за севидливото око на високата технологија. Областа 51 во Невада и Северна Кореја се некои од забранетите места на мапите на Гугл, а Русија, секако, има свои дамки.
Црниот правоаголник на Чукотка
Ова геометриско тело среде руската дивина можеби го покрива најмистериозното парче од земјата.
Територијата е тргната од мапите на Јандекс, а извесно време ја немаше ниту на оние на Гугл. Денес може да се види, но квалитетот на сликата е таков што лесно може да се претпостави дека на местото на правоаголникот е залепено парче земја што не припаѓа тука.
Територијата 4х10 километри е вистинска црна дамка на Рускиот далечен исток. Се наоѓа северозападно од заливот Крст на северниот дел од Беринговото море.
Не е познато што се крие таму. Местото е оддалечено од каква било населба. Најблиски е Егвекинот, населба со 3.000 жители на 75 километри од оваа територија.
Интернет-корисниците секако претпоставуваат дека тука се наоѓаат балистички ракети или некој друг таен воен објект. Можеби дури и луксузна резиденција на некој мистериозен и влијателен човек.
Островот Жанета
Овој оддалечен студен остров има само два квадратни километри површина. Тоа е мало и нељубезно парче земја со интересна историја.
Го има откриено американскиот капетан на брод и истражувач Џорџ Де Лонг во 1881 година, а името го има добиено во чест на бродот „Жанета“:
Но, подоцна, за време на големата руска морска експедиција од 1910 до 1915 година е признаен како дел од Руската Империја. Американските власти не го оспоруваат фактот.
Ова парче замрзната земја е размачкано на мапите на Гугл и повторно се шпекулира дека станува збор за воена база (секако зашто е во близина на територијата на Северна Америка).
Северна Земја
Рускиот архипелаг Северна Земја е уште една мистерија. На мапите ништо не се гледа зашто деловите од островот се претворени во слепи дамки.
Постојат дури цели бели „облаци“ кои покриваат делови од островот на Октомвриската револуција. Секако, ова исто така го привлече вниманието на теоретичарите на завери.