Многумина туристи доаѓаат на Бурлинското езеро на Алтај за да ја видат величествената комбинација на сино небо и виолетова вода. Езерото е исто така најголем извор на сол на територијата на Западен Сибир.
mozgunova_olga26
Каков е салинитетот прашувате? Поголем одошто во Црно море, во кое, како што е познато, телото не тоне. Бурлинското езеро е најдлабоко на околу 2 километри од брегот и таа длабочина изнесува 2.5 метри.
olamiaba
Езерото со површина од 31 квадратен километар се прочуло пред 200 години, благодарение на Романови, владејачката руска династија. Царски соленик, така Петар Велики го нарекол езерото, а Екатерина Велика едно време барала за нејзината трпеза да се користи сол само од ова езеро, зашто сметала дека е многу квалитетна.
riab_chic
Оттогаш езерската сол се собира со вистински железнички вагони. На дното на езерото се поставени шини, а во еден воз се товарат до 18 тони сол.
l.laktionova
Солта и калта од Бурлинското езеро се лек за многу кожни болести, што е друга најголема причина за туристички посети. (Првата, секако, е можноста да си го наполните албумот со прекрасни фотографии!)
kseniya_vantenkinaphoto
„Влегов во езерото и веднаш почувствував како ме печат гребаниците што ми ги имаше оставено мачката на ногата. Магијата на солта толку брзо проработи што на крајот од денот гребаниците исчезнаа. Ех, кога би можела оваа вода да ми го залечи и срцето“, вели Марина од Новосибирск.
y_m_a_h_a
Кога е ладно Бурлинското езеро не се разликува од кое било друго езеро. А, кога станува топло, тоа добива оригинална виолетова боја.
katcherry5
Но, како што веројатно веќе сте си помислиле, необичната боја не е поради солта. Виновници се само малите 15-милиметарски ракчиња, кои се присутни и во други солени езера низ светот. Кога ќе започне нивното активно размножување, ги има толку многу што се стекнува впечаток дека самата вода е виолетова.
_ali_kolenkina_
Најубава виолетова нијанса езерото добива кон крајот на јули и почетокот на август.
she__za
Бидејќи го дознавте ова и веќе ги спакувавте куферите, можете да се упатите во Алтајскиот крај, Славгород (3.241 километар источно од Москва), а потоа уште 18 километри до населеното место Бурсољ.
sergey_sterling
„Руски Малдиви“: Сибирско езеро без капачи, но одлично за селфи! (ФОТО)