„Сибирски Малдиви“: Ни деноноќното обезбедување не ги сопира Русите да посетуваат токсично езеро

Патувања
RUSSIA BEYOND
Сибирската компанија за производство на електрична енергија, која и ја направи оваа водена депонија, распореди чувари на целата територија, но мештаните наоѓаат пат до преубавата тиркизна вода. Селфи фотографии има сѐ повеќе!

Како што веќе пишувавме, илјадници жители на Новосибирск се залетаа да се сликаат до водата полна со тешки метали и штетни супстанци.

Езерото го нарекоа „Руските Малдиви“ поради преубавите нијанси на сината боја кои не се менуваат ни кога е облачно. Сето тоа на „Инстаграм“ навистина изгледа преубаво.

Но, треба да се знае дека езерото ја попримило таквата нијанса на сина поради реакцијата на елементите од токсичниот отпад од локалната термоелектрана.

Сибирските Малдиви се всушност јама ископана за потребите на таа термоелектрана, а во водата се слеваат сите нечистотии добиени од согорувањето на јагленот.

Во секој случај, предупредувањата, па дури ни деноноќната стража околу езерото не ги спречуваат инфлуенсерите да ги прескокнуваат оградите и да доаѓаат по нови фотографии. А фотографиите се, мораме да признаеме, фантастични.