Можеби ќе си помислите дека ова е замокот од бајките од шпицата на Дизни...
Но, далеку е од тоа! Убавицата Бела нема да ја видите како трча по овие скали до своето чудовиште...
Ова, всушност, воопшто не е замок, ами православна црква во Московската област. Оригинална и во свој стил сосема уникатна градба!
Владимирската црква е изградена 1789 година, во псевдоготски стил.
Недалеку од неа се наоѓа вилата на Воронцов-Дашков. Во тоа време во неа со своето семејство живеел московскиот губернатор Михаил Измајлов. Тој ја подигнал Владимирската црква во спомен на починатата сопруга.
Никој не знае со сигурност кој го направил проектот на црквата, но повеќето историчари сметаат дека во ова дело се гледа раката на Василиј Баженов кој, меѓу другото, ја проектирал и една од најубавите градби во Москва: Домот на Пашков недалеку од Кремљ, како и архитектонскиот ансамбл Царицино и Михајловскиот замок во Санкт Петербург.
Горниот главен дел на храмот е посветен на Владимирската икона на Мајката Божја, една од најпочитуваните во Русија. Во приземјето, исто така, се наоѓа храм посветен на Христовото Раѓање.
Во 1930-тите советските власти го затвориле храмот. Најпрвин тука сместиле поправен дом, а потоа училиште за минери, како и текстилна фабрика. Притоа внатрешните декорации биле сериозно оштетени.
Од 1989 година во црквата повторно се одржува богослужба.
Што се однесува до главното здание на имотот, за него се знае сигурно дека е проектирано од Баженов.
Во советско време тука имаше санаториум за заболени од туберкулоза, а денес зградата е напуштена и привлекува голем број на луѓе, нудејќи интересна сценографија за фотографирање со позадина мистериозен готски замок.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче