Мисијата на фотографот Константин Гончаров е да ги овековечи овие бисери на руската архитектура во Архангелската област пред да биде предоцна.
Константин Гончаров
Пред пет години Константин Гончаров дозна дека постои организацијата „Заедничко дело“ која се бори за зачувување на дрвените цркви и се пријави како доброволец. Идејата за фотопроект се појави во текот на неговата прва експедиција.
Во март 2019 година Гончаров успеа да организира експедиција во Архангелската област и да ги посети напуштените села околу градот Каргопол. Токму таму настанаа овие фотографии.
Константин Гончаров
Многу од овие села денеска зјаат празни. „Сакав да ги пренесам на филм овие трагични призори: луѓето заминуваат, манастирите остануваат без паства и паѓаат во заборав“, вели Гончаров за Russia Beyond. „Како уште можеме да го сочуваме споменот на нив?“
Константин Гончаров
Константин Гончаров
Меѓу овие храмови Божји е и црквата „Св. Јован Златоуст“ од 17 век.
Константин Гончаров
Константин Гончаров
Изгледот на напуштените куќи во селата:
Константин Гончаров
Ѕидовите и плафонот на дрвениот манастир на влезот во селото Грехнев Пал се веќе обраснати во троскот. А некој оставил порака на нив: „Луѓе, ако сакате животот да продолжи, реновирајте го манастирот“.
Константин Гончаров
Константин Гончаров
Константин Гончаров
Константин Гончаров
Константин Гончаров