10 неверојатни градби во внатрешноста на Русија (ФОТОГРАФИИ)

Ентузијастите бараат напуштени стари цркви и згради во далечните предели на Русија и објавуваат фотографии на „Фејсбук“ во обид да ги промовираат овие места кои се далеку од поголемите градови.

Има стотици добри примери на архитектура во руските региони, непознати дури и за жителите на околните градови.

Кулата во Пиза на рускиот север – Црквата „Св. Преображение“ во Нименга, Архангелска област, 19. век

Геологот Михаил Иљин често патува во различни делови на земјата и е загрижен поради фактот што Русите често патуваат во странство, додека културниот туризам речиси и не постои во нивната сопствена земја.

Црквата „Воскресение“ во Варници, во барокен стил, Вологодска област, 18. век.

„Москва, Санкт Петербург, Златниот прстен, Бајкалското Езеро, поединечни големи градови, крстарењата по Волга и Волга-Балтикот и неколку широко промовирани провинциски имоти во близина на главните градови –  на тоа во најголема мера се сведува стандардната производна линија на руските тур-оператори“, вели тој.

Смоленската капела во Верховје, Архангелска област

Се разбира, лошите патишта и недостатокот на инфраструктура ги обесхрабруваат луѓето да патуваат во внатрешноста на Русија. Но, главната пречка е што луѓето едноставно не знаат за овие места.

Црквата „Успение“ во Епифан, Тулска област, доцен 17/ран 18. век

Проблемот е што зачувувањето на старите згради е директно зависно од туризмот. „Ако историските згради не се третираат со почит тогаш нема да има туризам и обратно“.

Имотот на грофот Храповицки, Муромцево, Владимирска област

Така, во 2015 година, Илин и голем број слични ентузијасти го осмислија проектот „Непознати провинции“. Почнаа да организираат мали туристички експедиции до извонредни, но неправедно запоставени локации.

Црквата „Преображение“, село Великаја Топал, Брјанска облсат, во псевдо-готски стил, 1780 година.

„Тешко е да им се покаже Русија на туристите, но тоа може и мора да се направи. И тоа е, исто така, големо задоволство, и покрај сите тешкотии ", вели Илин.

„Куќата со тенда“, поранешна куќа на трговецот Георги Голованов (денес руско-германската куќа), Томск

„Непознати провинции“ истражува и објавува фасцинантни и прекрасни локации во далечните делови на Русија, од Калининград до Чукотка.

Замокот „Шереметев“ во населбата Јурино, Република Мариј-Ел, доцен 19/ран 20 век.

Плановите за 2019 година вклучуваат 26 експедиции, како што се: Двата главни града на Западен Сибир (Томск и Новосибирск); цркви и имоти во Курската и Брјанската област; Бели ноќи на Белото Море; и Долна Волга и нејзиното староверско минато.

Тихвинската капела, село Бољшое Пехово (река Мста), Новгородска област, 17. век

Секое патување резултира со извонредни фотогалерии кои се објавуваат на фејсбук-профилот на групата „Непознати провинции“. Самите туристи често објавуваат десетици фотографии откако ќе се вратат воодушевени од нивните средби со минатото.

Црквата „Воведение во Храмот на Пресвета Богородица“, село Пјот, Рјазанска област, ран 20. век

Покрај тоа, групата е секогаш бара волонтери за различни работи поврзани со реставрација на цркви и за помош на реставраторите и археолозите.

Прочитајте повеќе за 17 (од вкупно 28) руски објекти од светското наследство на УНЕСКО

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња