Московското метро наликува на палата преполна со контрасти. Секој ден илјадници туристи влегуваат во овој подземен свет и на фотографии ја бележи убавината на неговите најимпресивни станици. Сите тие го ценат кратко време за чекање на возовите и неговата едноставна шема.
А истовремено милиони Московјани со уморен израз на лицето се пробиваат низ вагоните, сопнувајќи се едни од други за време на шпицот. Не е лесно да се ужива во секојдневната рутина, да се насмевнувате и трпеливо да ја поднесувате.
Ова е „Подземниот град”, серија фотографии на која московскиот хроничар Дмитриј Зверев работеше со години. „Како и другите, и јас се возам со метрото. И кога немам што да читам, а околу вратот ми виси апарат... зошто да не забележам некои интересни призори?“
Господин на пат до работа, мај 2016.
Шпиц на станицата „Комсомолскаја“, декември 2013.
Бронзениот војник со пес на станицата „Плоштад на Револуцијата“, јануари 2018.
Билетарницата на метрото, јуни 2013.
Бришење на ескалаторите, декември 2006.
Надземниот премин меѓу станиците „Текстилшчики“ и „Волгоградски проспект“, јануари 2017.
Бронзената статуа на црвеноармеец на станицата „Плоштад на Револуцијата“, април 2013.
Кај ескалаторите на станицата „Кузнецки мост“.
Станицата „Курскаја“ на Кружната линија, мај 2007.
Контролиран премин, октомври 2012.
Станицата „Фонвизинскаја“, декември 2017.
„Тотален премин“ во вагон на метрото на виолетовата линија, јануари 2018.
Во декорот на станицата „Достоевскаја“, мај 2011.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче