Во Москва продолжуваат да ги копаат подземните линии на метрото, така што ќе се појави и нова кружна линија со должина од 70 км! Вкупно 31 станица, а 19 од нив ќе имаат премини кон други станици. Првите станици на овој прстен веќе се појавија 2018 година, а кругот ќе биде затворен 2023 година.
ЦСКА – отворена

Global Look Press
Станицата се наоѓа на Ходинското поле, во близина на напуштената писта на стариот аеродром. Во овој дел на градот се наоѓа еден од најголемите во Москва трговски центри и спортски комплекс.
Савјоловскаја - отворена

mos.ru
Станицата ги поврза истоимената железничка станица со сивата линија на метрото. Ентериерот е украсен со сив и црн гранит.
А вака ќе изгледаат станиците кои ќе бидат отворени за две-три години:
Лефортово – 2019.
mos.ru
Дизајнот на станицата е во стилот на старите руски благороднички имоти: тркалезни мермерни столбови, висечки лустери и црни плочи со билни орнаменти.
Мичурински проспект – 2020.
mos.ru
Изградбата на метрото на југозападот на Москва е помогната од кинеска компанија, па затоа и оваа станица ќе биде во соодветен стил: црвени столбови и текстови за пријателство напишани со кинеско писмо. Уште сега на Мичуринскиот проспект може да се види огромната црвено-црна сала која ќе поврзува две линии.
Рубцовскаја – 2020.
mos.ru
Станицата ќе биде од сив гранит, а дневната светлост ќе влегува низ огромните тркалезни прозорци.
Зјузино – 2020.
mos.ru
Вистинска пчелина кошница, зју-зју: комбинации на жолта и црна боја со плафон во облик на саќе.
Шереметјевскаја – 2022.
mos.ru
Можеби една од најубавите нови станици во која сѐ како да е од порцелан.
Строминка – 2022.
mos.ru
Станица во „хај-тек“ стил во црвено-бели тонови.
Амињевское шосе – 2022.
mos.ru
Најинтересниот детаљ на оваа станица е плафонот во вид на морски бранови со необично осветлување.
Ржевскаја– 2022.
mos.ru
Цел еден ѕид од оваа станица на североистокот на градот ќе покажува колку е часот. Идејата е метрото да се претстави не само како дел од градскиот сообраќај, туку и како временски портал.