1. Пред десет години некој можеше да си помисли дека покрај самиот Кремљ постои депонија. Но, сето тоа се претвори во најубавиот московски парк кој преку цела година има четири климатски зони, лебдечки мост, подземни глечери и Филхармонија со стаклен покрив. Добре дојдовте во Зарјадје!
Алексеј Филипов/Sputnik, Владимир Песња/Sputnik
2. Да погледнеме сега како изгледаше скијачкиот центар Роза Хутор пред зимската олимпијада во Сочи 2014 и како изгледа сега:
Михаил Мокрушин/Sputnik, Владимир Сергеев/Sputnik
3. На почетокот на 2016 година московските власти ѝ објавија војна на дивата градба и на киосците. Да видиме што се случи со метро-станицата „Чистие пруди“.
4. Светското првенство во фудбал 2018 разубави многу руски градови. И Нижни Новгород го доби овој чудесен стадион:
Роман Јаровицин, Владимир Смирнов / TASS
5. Долго се градеше бизнис-центарот Москва-Сити. И вредеше!
Максим Шеметов/TASS, Getty Images
6. Како и прекрасниот Златен мост во Владивосток:
Иља Питаљев/Sputnik, Јурчин/Pixabay
7. Разубавен е и кејот покрај Новата Третјаковска галерија која сега се нарекува Парк на уметноста „Музеон“.
Сергеј Пјатаков/Sputnik, Владимир Астапкович/Sputnik
8. Нова Холандија се појавила практично во исто време со Петербург, односно на почетокот на 18 век. Но, на обичните Санктпетербуржанци дури во 2011 година им беше овозможено да го посетат овој остров. Претходно цели три века морнарицата будно го чуваше ова место од љубопитните очи. Сега Санктпетербуржанците имаат цел остров за разонода, за уживање во уметноста и за одмор на свеж воздух.
Александар Зиков/Flickr, Петар Коваљев/TASS
9. Во Екатеринбург во 2015 година свечено е отворен Претседателскиот центар „Борис Елцин“. Посетителите на „Елцин-центар“ фактички се враќаат во времето на настанувањето на новата држава. Тука можете да дознаете сè за деведесеттите години од минатиот век.
Владислав Фальшивомонетчик
10. Секако постојат и градби на кои не им е потребно никакво усовршување, на кои и денес, како и пред неколку векови, им се восхитувале луѓето, како што е Исакиевскиот храм во Санкт Петербург.
Getty Images