Неверојатно! Во кисловодска бања од славина тече коњак како лековита вода

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Една туристка на својот профил на „Инстаграм“ објави интересна видеоснимка од одмор. Ана во моментов е во Кисловодск и во еден бањски извор покрај минерална вода најде и славина од која капе коњак. И тоа не било кој туку – „Дагестански“!

Руските интернет корисници бурно реагираат и сакаат што побрзо да дознаат за која точно бања станува збор! Но, засега нема одговор...