1. Чарските песоци во Сибир се веројатно најнеобичната пустина на светот.
2. На некој начин тоа е всушност обична пустина со високи дини и песочни бури.
3. Меѓутоа, оваа мала пустина (само 5 х 10 километри) е опкружена со тајга, со реки, со мочуришта и со извори. Тука нема да умрете од жед.
4. Освен тоа, само неколку километри од ова чудно парче песочна идила се наоѓа планината Кодар покриена со снег.
5. Чарските песоци настаналe пред околу 40.000 година на местото каде некогаш се наоѓало древно езеро кое пресушило.
6. А, сега слушнете го ова! Во текот на зимата пустината е покриена со снег, а температурата паѓа до -50 степени Целзиусови!
7. Пустината завршува нагло. Никаков преоден појас не ги дели песочните дини од шумите и тресиштата. На крајот на Чарските песоци се гледаат две езера (Аљонка и Тајожное) од кои започнува шумовит терен.
8. Поради ветриштата песоците полека се придвижуваат кон североистокот и тајгата.
9. Чарските песоци се популарно туристичко место. Иако најблиското населено место е оддалечено само 10 километри, до него се стасува тешко. Најпрво ќе морате да минете две реки: Среден Сакукан и Чара, кои се познати по своите брзаци.