„Морате да ги нахраните комарците“: Девојка од Сибир шокира на Инстаграм со летна фотографија

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Се сеќавате на девојката на која силната јакутска зима ѝ ги „нашминка“ трепките со иње? Таа е повторно во тренд со тоа што сега се фотографира со сибирски комарци. Овој регион за време на кусото, но врело лето е полн со здодевни крвопијци.

Ова е Анастасија Груздева. Нејзината фотографија која е направена на почетокот на јануари стана мошне популарна на Интернет, но и мошне поучна – многумина сфатија колки зимата во Јакутск може да биде сурова.

Овој пат „спонзори на фотографијата беа букет цвеќе и недостиг на крем против комарци“, се шегува Анастасија. „Сакаш да застанеш на момент и да направиш селфи? Или да набереш букет цвеќе? Тогаш мораш да нараниш куп комарци. Тоа беше страшно искуство“, додава таа.

Нејзината порака на Инстаграм веќе има над 5.000 лајка. Груздева се зачудила што некои помислиле дека таа ја обработила фотографијата во фотошоп.

Московјанката Татјана Савина ја направила оваа фотографија на Груздева уште поинтересна така што зимската и летната фотографија ги стави една покрај друга и ги проследи со коментарот: „Јакутија во две слики“.