Руски авантурист сака да го помине најтешкиот пат на Арктикот

Познатиот руски авантурист, Фјодор Конјухов, ќе замине на експедцијата „Карелија - Северен пол - јужниот дел на островот Гренланд“.

Познатиот руски авантурист, Фјодор Конјухов, ќе замине на експедцијата „Карелија - Северен пол - јужниот дел на островот Гренланд“.

Освен ова, со него во оваа експедиција ќе земе учество Виктор Симонов, жител во Петрозаводск, како и кучиња од Карелија. Тие ќе заминат под ледот на Северниот пол со една група од 10 кучиња, а во Гренланд - со две групи. Во санките кучињата ќе влечат околу 300 килограми товар.

За четири месеци учесниците во експедицијата сакаат да поминат 4.000 километри ледени простори, завршувајќи го својот пат во јужниот дел на Гренланд. Тоа е најдолгиот и најтешкиот од сите патишта во Арктикот.

Конјухов изјави дека мечтаел да замине од Северниот пол во Гренланд уште од 1978 година, кога легендарниот јапонски авантурист Наоми Уемура направил експедиција од крајбрежјето на Канада до Северниот пол, а потоа преку Гренланд. Сепак, јапонецот не успеал да го помине целиот пат. Учесниците на оваа, најнова експедиција, планираат да го поминат патот на Наоми Уемура целосно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња