Сеништа на минатото: Проклети места во Калининград

Главниот град на Источна Прусија од самото основање бил преполн со мистични контрадикторности. Денес на тоа место се наоѓа рускиот град Калининград, но таинствени аномалии и денес постојат. Порталот Russia Beyond ви ги претставува легендите на овој град.

„Шумата што танцува“

„Шумата што танцува“

На заштитеното подрачје на Курскиот провлак во околината на населбата Рибачи се наоѓа дел шума со искривени борови, засаден 1961 година. Овој дел се разликува од остатокот на шумата затоа што стеблата во него се свиткани во долниот дел. Се смет дека тоа е дело на гасеницата на боровиот свиткувач (Rhyacionia buoliana) со кој веројатно биле заразени младите садници. Гасениците се раштркале и не ги повредиле останатите дрвја.

Така гласи официјалната верзија, но има и многу други, мистични варијанти. Според нив, главните виновници се НЛО или нацистите на Третиот рајх, кои овде тестирале хемикалиите и на тој начин го заразиле земјиштето. Поранешниот заменик-директор на Националниот парк „Курски провлак“ Александра Корољова го искажува своето искуство со очигледната аномалија: „Тоа беше февруари и веќе се топеше снегот, но во шумата беше многу студено. Мислев дека само мене ми е студено, но шумарите кои понекогаш собираат суви гранки рекоа дека повеќе пати забележале дека во боровата шума во секое време од годината температурата е пониска отколку на другите места. Не знам зошто е тоа така“. Службениците на националниот парк спроведоа експеримент и засадија нови садници на бор, но и тие почнаа да се искривуваат на истиот начин.

Познато е дека на ова место постоело светилиште на пруски друиди кои живееле на овие подрачја. Според легендата, светилиштата не се градени на случајни места, туку во зоните со некој необјаснив феномен, во таканаречените „места на сила“.

Домот на Советите

Домот на Советите

Еден дел од оваа недовршена зграда во центарот на градот се наоѓа на местото на Кралскиот замок, поранешната резиденција на витезите на Тевтонскиот ред во кој се крстени пруските кралеви. На местото на југозападното крило на зградата порано се наоѓала „Сала на редот на Црниот орел“ – највисокиот ред на пруското кралство. Зградата е подигната 1972 година. Иако се наоѓа на добра локација и процесот на изградба дошол до 95%, никогаш не е вселена ниту пак некој се обидел да ја урне. Со време се претворил во „мртвороден“ симбол на Калининград, како што го нарекуваат жителите на градот. Легендата вели дека и овде порано се наоѓало пруско светилиште и свештена дабова шумичка.

Во зградата има една аномалија: само во југозападното крило иглата на компасот покажува различни правци. Велат дека надвор од зградата и во другите делови го нема тој ефект.

Тајната нацистичка лабораторија „Кенигсберг 13“

Тајната нацистичка лабораторија „Кенигзберг 13“.

Во близина на Домот на Советите во Нижни Пруд се наоѓала една од главните масонски ложи во главниот град на Пруското кралство.  Подоцна на тоа место е изградена тајна лабораторија на проектот „Аненербе“ која се занимавала со истражување на окултната пракса во служба на Третиот рајх. „Свеста на Хитлер и неговите соборци во голема мера била подложена на мистификации“, раскажува локалниот историчар Сергеј Трифонов. „Нацистите негуваа стравопочит спрема окултизмот и внимателно ги користеа древните зборови и симболи. Во мојата колекција има над 80 илјади фотографии на масонски знаци и руни, како и отпечатоци од волчји шепи и детски дланки на блокови собрани на ова подрачје“.

Овие тули може да се видат денес во музејот „Кралска порта“. Меѓу работите кои се наоѓале во лабораторијата „Кенигзберг 13“ се пронајдени збирката „Луциферовите печати“, детска посмртна маска и „Лудвиговите шајки“ – нив ги заковувале во челото на покојникот кој за време на неговиот живот поседувал тајниинформации. Инаку, бројот 13 не фигурира само во називот на лабораторијата. Градот е основан 1255 година, а збирот на овие бројки е исто така 13!

Русалки од Прегоља и островот Кнајпхоф

Катедралата

Прегоља, најголемата река во градот, во многу легенди фигурира како живеалиште на русалки. На еден од нејзините острови (ади) денеска се наоѓа само црква од 15 век и гробот на филозофот Имануел Кант, а некогаш тука имало село Кнајпхоф, една од трите населби на Кенигсберг. На првиот печат со грбот на селото имало насликана рака која излегува од реката Прегоља и држи круна. Русалки исто така се прикажани на подоцнежните грбови. На врвот на катедралата има ветроказ во облик на русалка. Луѓето сметале дека давеник треба да се бара во делот на реката кон кој покажува опашката на русалката.

Денес се занемарени приказните за русалките, а на островот Кнајпхоф луѓето се плашат од привиденија. Во ноември 2008 година, репортерската екипа на некогаш популарната телевизиска емисија „Не е можно“ неколку дена следење привидение на кое се жалеа чуварите на црквата и кое божем го снимиле камерите за видео надзор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња