Балерините патуваат со метро: Новиот „Инстаграм“ профил на подземната железница на Санкт Петербург

Метро на Санкт Петербург
Сега можете да видите фотографии на најдлабоката подземна железница на светот со уникатни уметнички дела, танчари и оркестри.

Петербуршкото метро на 1 март отвори свој „Инстаграм“ профил за да му ја покаже на светот уникатната атмосфера и уметноста на подземјето. Освен фотографии и видеоснимки, на профилот ќе се објавуваат и приказни на жителите на Санкт Петербург. Во проектот учествуваат познати музичари, актери, писатели, сликари и спортисти. Затоа опуштете се и уживајте во убавината на најдлабоката подземна железница на светот.

Рускиот балет е моќ, склад, прецизност на движењето, брзина и убавина. Три балерини меѓу мермерните столбови на станицата „Кировски завод“.

Јана Посадска, моден блогер од Санкт Петербург, сака во метрото да го чита Антон Чехов.  Во моментов тоа е „Дамата со кученце“.

Сјајно трио на станицата „Бухарестскаја“. Концертите под земја се чести, а ова е една од најубавите станици на Санкт Петербург. На еден од ѕидовите ќе видите мозаик на птица, симболот на љубовта и топлината.

„Балтијскаја“ го доби името по блиската железничка станица. Холот на станицата е украсен со портретите на адмиралите Фјодор Ушаков, Михаил Лазарев и Павел Нахимов. Ѕидовите и столбовите се украсени со сив и син мермер кој потсетува на Балтичкото Море.

Валерија Соколова води блог за патувања и мисли дека Петербуршкото метро е најубавото на светот. Нејзината омилена станица е „Мајаковскаја“.

Станиците на Петербуршкото метро се вистински ремек-дела на уметноста. Посетете ја станицата „Нарвскаја“ и уверете се со свои очи!

Еднаш познатиот петербуршки сликар Валериус видел во метрото црвенокоса девојка и се вљубил. Не се запознал, но уметникот ѝ посветил десетици свои дела. Подоцна сепак се сретнале, меѓутоа тоа поминало без романтика. Сепак, останаа прекрасните портрети.

Танчарската група House of Bonchinche е подготвена за настап на секое место. Инспирацијата им доаѓа и во метрото.

Солистките на театарот „Михајловски“ на станицата „Авотово“. Декорациите на станицата се посветени на одбраната на Ленинград.

Прочитајте повеќе: Пред 62 години: Отворено метрото во Санкт Петербург

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња