Секој што ќе дојде во Мирни, во самиот град ќе види огромен површински коп широк над еден километар. Тоа е таканаречената кимберлитна јама „Мир“. По неа градот го добил името и благодарение на неа постои. Тоа е познат рудник на дијаманти. Мирни се наоѓа на западот на Република Саха (Јакутиjа) и познат е како „дијамантска престолнина“ на Русија.