
Валдај е мал провинциски град во Новгородската област, 390 км од Москва. Населбата првпат се споменува во 1495 година.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Валдај е сместен на патот од Санкт Петербург до Москва. Иако денес може и да се одмине, решивме да преноќиме таму затоа што нѐ затекна голема снежна бура.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
На наше изненадување, во петок навечер ние бевме речиси единствените надвор во центарот на градот. Друштво ни правеа храмот, огромната елка, неколку деца на брегот и многу, многу чиста бела околина.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Кога со колата баравме хотел, не беше јасно зошто сите пешаци одат по средината на патот. Но штом излеговме, видовме дека тоа е најлогично и најразумно иако е мошне необично за посетители од метрополата. Улиците се покриени со толку снег што е полесно да се оди по трагите од автомобилските гуми.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Најдовме податок во водичот дека зиме може да се премине езерото до манастирот Ивер, кое е оддалечено само 3 км од местото. Но штом се најдовме на езерото сфатив дека тоа е невозможна мисија – пред нас се протегаше потполно бело платно од снег и небо.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Само неколку вљубеници во зимскиот риболов што личеа на пингвини се гледаа на хоризонтот.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Сѐ во Валдај како да е испомешано. Границата меѓу градот и околината е нејасна: дрвените селски улици – токму како на детски цртежи – стојат рамо до рамо со урбаните петкатници.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Улиците покриени со снег се украсени со накитени дрвја, а класичната архитектура од 17 и 18 век се појавува од никаде.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Соборниот храм е опкружен со цркви (кои во советско време се претворени во музеи) и споменици на херои од Втората светска војна. Ресторанот во британски стил нуди прекрасен поглед на зимското сиже.
Олга Боброва, Екатерина Чипуренко
Но најнедофатливата од сите граници е онаа меѓу небото и езерото Валдај. Меѓу двата брега во снежната виулица се протега замрзната површина под навеви, а само црните точки кои под повнимателен поглед се претвораат во риби ја нарушуваат совршената белина на оваа голема бела страница.
Олга Боброва, Екатерина ЧипуренкоПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче