Прошетка низ Твер, најпријатното место помеѓу Москва и Санкт Петербург

Твер се наоѓа помеѓу Москва и Санкт Петербург, а тоа го прави најпријатен провинциски град и популарна дестинација за патување во неработните денови.

Твер се наоѓа помеѓу Москва и Санкт Петербург, а тоа го прави најпријатен провинциски град и популарна дестинација за патување во неработните денови.

Овој мал град чија историја започнува во 1135 година, нуди голем број можности за посета на знаменитости, меѓу кои средновековни цркви и дворци од 18 век, како и дрвени куќи со уникатен дрворез.

Центарот на Твер личи на Санкт Петербург, со оглед на тоа дека станува збор за руски и италијански архитекти од 18 век кои во основа работеле на северната престолнина на Русија. Некогашните великолепни дворци и имоти во градот ги проектирале Карло Роси, Бартоломео Растрели, Василиј Стасов и други видни мајстори.

Твер се наоѓа на брегот на реката Волга - стратешка местоположба, која го направила главен трговски центар на Средниот век. Денес бродовите ги носат туристите од Твер на различни дестинации, меѓу кои се Углич, Косторма и Казањ, кој, пак, се наоѓа на околу 970 километри оттука.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.