Кога Никита Хрушчов го посетил Владивосток (оддалечен од Москва 9.037 километри) во 1959 година по патувањето во Соединетите Американски Држави, изјавил дека дотогаш затворениот град ќе стане „советско Сан Франциско“. Оваа изјава не е заборавена, иако трансформацијата на Владивосток од провинциско советско пристаниште траеше многу подолго одошто предвидуваше Хрушчов.
Blongman
Владивосток, сместен на северозападниот брег на Јапонско море, основан е во 1860 година како пристаниште на пацифичката флота на руската воена морнарица, а нејзиниот воен значај доведе до тоа да биде затворен за комерцијален промет низ поголем дел од 20 век. Но, денес отвореноста за комерцијален промет претставува голем извор за работа за овoј град од речиси 600.000 жители.
Blongman
Сепак, популацијата на градот е во постојано опаѓање, и тоа не само поради руската демографска криза.
Летото во Владивосток трае само три месеци – јуни, јули и август – иако и тоа може да биде сменето поради појавата на монсунски дождови и просечните температури над 30 степени. Назима температурата варира од -10 до -30, па дури и за локалното население е тешко да се живее на постојаниот студен ветар.
Blongman
Од друга страна, на жителите на овој град им се отвора неверојатен поглед од речиси секој покрив. Најпопуларен видиковец е платформата покрај жичарата на брдото Орлинаја.
Blongman
Во градот се зачувани и други симболи на советската ера – од називи на градски населби (Ленински, Фрунзенски, Првомајски) до стари воени бродови и многубројни споменици на Ленин и на други водачи на пролетаријатот.
Советските називи во комбинација со мноштвото преостанати предреволуционерни градби, мостови од 21 век и возила со волан на десната страна создаваат невообичаена атмосфера која не може да се најде во кој било друг руски град.
Blongman
Жителите на европскиот дел на Русија го сметаат Владивосток за крај на земјата, но локалното население го гледа како почеток – на крајот на краиштата, сонцето се раѓа на исток. Освен тоа, темелите за изградба на Транссибирската железница се поставени во Владивосток.
Во Владивосток сè што не е поврзано со морето, сепак се наоѓа под негово влијание. Некои од најпопуларните градски локации, вклучувајќи го и океанариумот, се заштитено морско подрачје, музеј на подморницата С-56 на насипот Корабељнаја, како и спомен-бродот Красни Вимпел.
Blongman
Прошетката низ Владивосток може да се спореди со филмовите за патување низ времето. Градскиот центар кој е исполнет со челични и стаклени деловни згради веќе одамна има зачекорено во новиот милениум, додека предградијата се исполнети со станбени кули вообичаени за деведесеттите години на 20 век. Во низините помеѓу брдата се наоѓаат градски населби наменети за изградба на пониски, поелегантни градби од раниот 20 век.
Патување од Москва до Владивосток со воз во вагон без купе