Краток курс по руска географија „во кеш“

Legion Media
Секоја живописна банкнота е како час по географија. На секој апоен од руската рубља прикажани се прочуените знаменитости на руската природа и култура.

Упатство за користење на картата: Ги обележавме на картата сите знаменитости прикажани на руските банкноти така што можете да ги прегледате и по желба да ги зумирате различните места (зашто на секоја банкнота се прикажани повеќе знаменитости). А, можете и да го притиснете копчето во горниот лев агол за да ги видите во облик на лист.

1. 10 рубли

10 рубли / Извор: Global Look Press10 рубли / Извор: Global Look Press

Оваа банкнота е веќе реткост! Доколку сте имале среќа да ја најдете, зачувајте ја како сувенир зашто таа од 2012 година официјално е заменета со монета од иста вредност.

На банкнотата е прикажан сибирскиот град Краснојарск. На едната страна се прикажани живописниот Комунален мост и Соборот на Света Петка. И едното и другото можете да ги видите ако прошетате по „Проспект мира“, главната улица на Краснојарск. На другата страна е импресивната Краснојарска хидроцентрала.

Жителите на Краснојарск се натажија кога дознаа дека нивната банкнота ќе биде заменета со безлична монета, па решија да ѝ подигнат споменик. Стутканиот бронзен „чирик“ (така жаргонски се нарекува банкнотата од 10 рубли) се појави во Краснојарск во 2011 година.

2. 50 рубли

50 рубли / Извор: Global Look Press50 рубли / Извор: Global Look Press

На сината банкнота од 50 рубли прикажан е Санкт Петербург. На едната страна можете да видите скулптура на девојка која ја симболизира реката Нева и во заднина црквата на светите апостоли Петар и Павле. На другата е „шпицот“ на Василевскиот остров со зградата на Старата петербуршка берза и стол украсен со трофеи во вид на бродски клунови.

3. 100 рубли

100 рубли / Извор: Global Look Press100 рубли / Извор: Global Look Press

Кафеавата банкнота од 100 рубли е во целост посветена на Бољшој театар во Москва. Од едната страна е скулптурата на „Аполоновата кочија“ која стои на предната фасада на театарот, а од другата страна е прикажано целото здание.

4. 500 рубли

500 рубли / Извор: Global Look Press500 рубли / Извор: Global Look Press

Оваа виолетова банкнота нè води на рускиот север. Споменикот на Петар Велики во градот Архангељск прикажан е заедно со едрилица и со градското пристаниште во позадина. Од другата страна може да се види познатиот Соловецки манастир.

5. 1.000 рубли

1.000 рубли / Извор: Global Look Press1.000 рубли / Извор: Global Look Press

Зелената банкнота е пуштена во оптек во 2001 година и сè до 2006 година беше највисок руски апоен. На едната страна е модерниот споменик на средновековниот владетел Јарослав Мудри кој сега се наоѓа во градот Јарослављ. Од другата страна е прикажан официјалниот грб на Јарослављ (мечката), а исто така и соборот на Пресвета Богородица Казањска, камбанаријата на Црквата на Пресвета Богородица Печорска и Манастирот на Преображение во Јарослављ, а од другата страна е прочуениот Храм на свети Јован Претеча од 17 век.

6. 5.000 рубли

5.000 рубли / Извор: Global Look Press5.000 рубли / Извор: Global Look Press

Оваа банкнота е моментално најголемиот руски апоен. Воведена е во 2006 година. Посветена е на градот Хабаровск. На едната страна се гледа реката Амур и споменикот на Муравјов-Амурски, губернатор на Источен Сибир. Тој во 19 век го основал Хабаровск и ја вратил на Русија територијата на реката Амур која претходно ѝ припаѓала на Кина.

На другата страна е прикажан мостот преку Амур.

7. 2.000 рубли

Рускиот мост во Владивосток. Извор: Алексеј Куденко, РИА НовостиРускиот мост во Владивосток. Извор: Алексеј Куденко, РИА Новости

Оваа банкнота ќе се појави во октомври 2017 година. На неа ќе биде прикажан главниот симбол на рускиот Далечен исток – новиот космодром Восточни и Рускиот мост во Владивосток.

Владивосток е избран со сенародно гласање, но таквиот резултат можеше и да се очекува зашто песната „Владивосток 2000“ на рок-групата Мумиј Трол е популарен хит во Русија.

8. 200 рубли

Споменик на потонатите бродови, Севастопољ. Извор: Владимир Астапкович, РИА НовостиСпоменик на потонатите бродови, Севастопољ. Извор: Владимир Астапкович, РИА Новости

Оваа банкнота ќе биде пуштена во оптек кон крајот на 2017 година. Банкнотата со овој апоен се појавувале во руската историја во неколку наврати, особено во деведесеттите години од минатиот век. Овој пат на банкнотата ќе биде прикажан Севастопољ, главното пристаниште на Крим, и неговиот најважен симбол – Споменикот на потонатите бродови, како и панорамата на старогрчкиот град Херсонес, од кој денес се останати урнатини.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња