Бољшој театар како музеј: 5 нешта кои не смеат да се пропуштат

Getty Images
Во раскошниот императорски театар можете да уживате во деталите на зградите и ентериерот не помалку и од самите претстави.

Квадригатана Аполон

Валерија Лукјанов / Global Look PressВалерија Лукјанов / Global Look Press

Квадригата на Аполон одамна е симбол не само на Бољшој театар, туку и на Москва. Не без основа токму таа е прикажана на банкнотата од 100 рубли. Малкумина знаат дека познатата четворка коњи управувана од Аполон нема ни 200 години, а првата зграда на Бољшој создадена од страна на архитектот Осип Бове во 1825 беше украсена со класична двоколка. По пожарот во 1853  година Алберто Кавос го создаде театарот скоро од самиот почеток. Токму тој му ја нарача оваа квадрига на Петар Клодт, авторот на познатите коњи на Aничковиот мост во Санкт Петербург.

Георгиј Розов / Global Look PressГеоргиј Розов / Global Look Press

За времето на Втората светска војна Бољшој театар беше погоден од бомба: зградата издржа, а квадригата беше оштетена само од шрапнелите, еден од нив ја погоди главата на Аполон. Тогаш беше направена само козметичка поправка, а вистинска реставрација дочека веќе во наше време кога беа проучени документите и ѝ беше вратен нејзиниот историски изглед со тоа што беше скриена и голотијата на Аполон со помош на смоквин лист.

Императорски фоајеа

РојтерсРојтерс

Раскошните плафони со слики во стилот en grisaiile, sидовите со свилени црвени таписерии, позлатените украси од глина и 42 кристални лустери - сегашната Бетовенова сала во театарот со биста на композиторот стана достапна за публиката дури на крајот на 1920-те. Пред револуцијата тоа беше дел од Императорскиот театар каде на обичните смтрници им беше забранет влез. Тоа беше дел на Императорското фоаје кое во најголем број случаи беше наменето за прошетки и одмор на царското семејство во текот на паузите. Својот изглед фоајето го доби во 1895 година кога театарот стана едно од главните места за свеченостите по повод крунисување на императорот Николај II.

Ројтерс
Global Look Press
 
1/2
 

Лустерот во главната сала на старата сцена

Гигантскиот позлатен лустер со кристални висечки украси уште од советско време е симбол на Бољшој театар и многумина доаѓаат на претставите само за да го видат со свои очи ова висечко чудо кое тежи 2 тони. Неговиот дијаметар изнесува 65 метри, а висината 8,5 метри. Направен за отворањето на театарот од страна на Алберто Кавос во 1856 година, тој исто така настрадал во еден период на руската историја. Бољшој театар беше приклучен на електрична енергија во 1890-те, пред крунисувањето на последниот руски император Николај II, додека на почетокот овој убавец на три нивоа беше осветлуван со 300 маслени ламби. За да се наполнат, лустерот требаше да се крева во специјална просторија над салата за гледачите. И до ден денес секое лето го симнуваат во салата за гледачите од која претходно ги тргаат седиштата, за да се исчисти секој од 24 илјади негови украси.

AP
Getty Images
 
1/2
 

Завесата

Гледајќи ја ТВ-хрониката можеме да се сетиме на легендарната алова со златно завеса со извезен советски грб и зборот „СССР“. Сепак, во Бољшој театар таа се појави после реновирањето во 1955 година. Нејзин автор беше главниот сликар на театарот Фјодор Федоровски, еден од најдобрите реализатори на “сталиновиот ампир“ на театарската сцена. Платното од природна свила со срма покриено со најтенок златен слој, со димензија од 500 квадратни метри, тежеше повеќе од еден тон.

Getty ImagesGetty Images

На крајот на 1990-те таа беше испратена во музеј, а новата, во стилот на Федоровски, беше направена со руска симболика и првите ноти од молитвата „Славјсја, рускј царј“ („Слави се руски царе“) од  операта на Иван Глинка „Иван Сусанин“. Ама таа брзо се изветви и за отворањето на Бољшој театар после реновирањето во 2011 година во Италија беше порачана новата идентична завеса од модернизирана акрилика – таписерија-имитација на свила.

Плафонот

РојтерсРојтерс

Архитектот Кавос градејќи ја салата на Бољшој практично од нула по пожарот, ги користеше сите тајни на старите и најсовремените за тоа време театарски технологии. Стремејќи се кон совршена акустика тој, по примерот на старите италијански мајстори, создаваше сала по принципот на музички инструмент. Во неа секој детал, од подиумот за оркестарот до украсите од папјемаше требаше да служи на јачината и леснотијата на звукот. За оваа цел на плафонот на дрвениот дел беше залепено платно. Сликањето на платното му беше доверено на крајот на 1850-те на сликарот Алексеј Титов кој по плафонот го пушти орото на Аполон и неговите девет музи. Екстравагантниот сликар беше незадоволен од тоа што не постои муза кој би била покровител на сликарството и...тој ја измисли. Титов ја наслика безимената муза со палета и четка в раце.

Global Look PressGlobal Look Press

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња