Уште колку нафта има во Русија?

Владимир Смирнов / ТАСС
Русија има јаглеводороди за уште 28 години, смета Министерството за природни ресурси, додека експертите предупредуваат дека оценките за нафтените резерви се менуваат секоја година.

Докажани резерви на нафта во Русија има за уште 28 години, изјави министерот за природни ресурси и екологија Сергеј Донској во интервју за „Росијскаја газета“. Станува збор за резерви „за кои рочно е познато каде се, колку се и како може да се експлоатираат“. Според Донској, овие резерви изнесуваат 14 милијарди тони.

„Ова не значи дека нафтата безусловно ќе ја снема за 28 години“, објаснува Евгениј Гниломедов, директор на Центарот за перспективна анализа и стратешки истражувања. Обемот на докажаните резерви секоја година се менува – последниве 10 години оваа бројка се зголемува. При ова нивото на експлоатација многу е понизко од природниот пораст на резервите. Односно, нова нафта на билансот се појавува повеќе, одошто се експлоатира за една година. „Прирастот на резервите од јаглероводороди се постигнува за сметка на два извора: повторна пресметка на резервите на познатите наоѓалишта, на пример за сметка на новите технологии и нови места“, објаснува Константин Соборнов, доктор на геолошко-минеролошки науки, член на Експертскиот совет на управувачката компанија „Иберсија“.

Колку нафта има во Русија

Според податоците на BP Statistical Review of World Energy, во 2010 година обемот на докажани резерви на нафта во Русија беше проценет на 10.6 милијарди тони, додека во 2014 година тој достигнаа 14 милијарди тони при експлоатација од 534 милиони тони дневно. Потенцијалот за понатамошен пораст на резервите е голем. Во руските пазуви има минимум 29 милијарди тони резерви кои можат да се извлечат, сметаат во Министерството за природни ресурси. Според оценката на овој ресор, доколку во билансот се земе предвид нафтата од шкрилци, која засега практично не се експлоатира, тогаш јаглеводороди ќе има за 200 години.

Впрочем, дали Русија ќе може да ја искористи оваа нафта и дали и понатаму ќе растат докажаните резерви на нафта, зависи од економските услови: цените на нафтата, даночните услови. „Потенцијалот на басените за нафта и гас во Русија овозможуваат значителен пораст на резервите. Прашањето е во тоа дали компаниите и државата ќе инвестираат средства во геолошките истражувања“, забележува Константин Соборнов. Според него при моменталните цени на јаглероводородите и на даночните услови ова не е исплатливо, па компаниите ги намалуваат инвестициите во проекти насочени кон зголемување на резервите. Според оценките на Серускиот научно-истражувачки геолошки нафтен институт, во моменталните економски услови околу 50% од резервите на нафта се нерентабилни за разработка.

Прашање на рентабилност

Еднозначен одговор на прашањето за тоа при каква цена на нафтата ќе биде рентабилна експлоатацијата на тешкодостапните резерви не постои. Според оценката на партнерот на компанијата Rusenergy Михаил Крутихин, средната цена на исплатливост на експлоатацијата на нафтата изнесува 80 американски долари за барел. Сепак, првиот човек на најголемата нафтена компанија во Русија „Роснефт“ Игор Сечин, есента 2015 година велеше дека за вакви наоѓалишта критична е цената за барел од 70 американски долари.

„Како што ќе се менува ситуацијата, руските компании ќе бидат принудени да се свртат кон овој извор“ вели Евгениј Гниломедов. Згора на тоа, според него, руските нафташи, меѓу другото благодарение на соработката со странските партнери, ги поседуваат потребните технологии за извлекување на резервите од тешкодостапните места. Порано или подоцна побарувачката за нафта одново ќе почне да ја надминува побарувачката и цените ќе пораснат, така што тогаш експлоатацијата на ваквата нафта ќе стане рентабилна, додава Гниломедов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња