Во близина на Москва ќе се појави „минијатурна Русија“

На Москва ѝ недостасуваат места за рекреација, затоа постои голема потреба од вакви места, велат експертите. Фотографија: Макета на тематски парк, кој ќе биде дел од проектот „Русија во минијатура“. Извор: Алексеј Даничев/РИА Новости.

На Москва ѝ недостасуваат места за рекреација, затоа постои голема потреба од вакви места, велат експертите. Фотографија: Макета на тематски парк, кој ќе биде дел од проектот „Русија во минијатура“. Извор: Алексеј Даничев/РИА Новости.

Во московското предградие ќе биде направен музејски парк на Русија. Планирано е на неговата територија да бидат претставени сите региони на земјата, нивната историја, достигнувањата и традицијата. На ова место ќе биде изграден хотел и ресторани со национална кујна. Минијатурната Русија ќе ги прими првите посетители во 2020 година.

Огромниот комплекс „Русија“ е можност за неколку дена да се видат сите региони, да се проучат традициите и културата на огромната мултинационална држава. 

Паркот ќе се наоѓа недалеку од меѓународниот аеродром Домодедово. До него не е тешко да се дојде, уверува дирекцијата на паркот. Но, што е најважно, по посетата на паркот туристите ќе можат да решат што им е всушност интересно и во кој агол на земјата би сакале да го поминат одморот, за да можат да го истражат во полна мера. Во врска со овој проект за „Гласот на Русија“ зборува извршниот директор на Руското географско друштво Генадиј Олејник.

Територијата на паркот „Русија“ ќе се простира на илјада хектари. На оваа површина треба да се сместат 83 субјекти на федерацијата, за во овој мал формат да може да се сфати колку се тие всушност големи. 

Да се сместат на оваа површина сите убавини што се наоѓаат на територијата на земјата, а тоа се 17 милиони квадратни километри, нема да биде едноставно. Ќе биде избрано само она што е најдобро. Од таа причина во подготовката на експозицијата и на штандовите свое учество ќе земат стручњаци од регионите, кои знаат сè за својот роден крај. Само на таков начин може да се претстави Русија во една стегната и убава форма, уверен е Генадиј Олејник.

Тоа нема да биде само музејски комплекс, туку вистинска туристичка зона. Организаторите ветуваат дека во минијатурната Русија ќе може да се одмора цела недела и дека секој ден ќе може да се дознае нешто ново за земјата. 

Примопредавањето на проектот според планот ќе биде извршено во 2020 година. Ние не сакаме да направиме само тематски парки, како оние во Франција и во Америка, туку парк во кој луѓето ќе можат да минат дел од својот одмор. Во паркот ќе бидат претставени најдобрите објекти од историското и културното наследство. Ќе има големи забавни, пејзажни, изложбени и образовни блокови. Исто така, ќе има и комерцијален блок со хотели, продавници и ресторани. Тука ќе бидат и блоковите за активен одмор со парк за зимските спортови, со аквапарк, велосипедски патеки и коњички клуб, - изјавува директорот на музејскиот парк „Русија“ Олег Журавски.

За разлика од странските аналози, главната црта на паркот ќе биде рускиот стил. сè, започнувајќи од дизајнот на атракциите до храната во рестораните ќе биде како во руска сказна. 

Главната особеност на проектот е во тоа што тој ќе се гради исклучиво со средства на приватни инвеститори, ветуваат во дирекцијата. Сепак, се знае дека странските компании ќе бидат пуштени само во заработката од проектот и можеби во управувањето. Се планира дека комплексот ќе може да прими до 10 милиони туристи годишно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.