Параолимпијци кои се натпреваруваат во мечување во текот на натпреварите на 7 Првенство на Русија во мечување во инвалидска количка во специјалната соба во федералниот центар за руската репрезентација „Тркалезно езеро“ во Лобња.
Кирил Калиников / РИА „Новости“На 7 август претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет Сер Филип Крејвен објави дисквалификација на Параолимпискиот комитет на Русија и отстранувањето на руските параолимпијци од сите меѓународни натпреварувања. Тоа значи дека 270 руски спортисти можат да ја пропуштат Параолимпијадата во Рио, која се одржува од 7 до 18 септември.
Крејвен ги обвини руските функционери дека создале систем за допинг прекршоци. Тој се потпира на извештај на независна комисија од Светската антидопинг агенција (WADA) под водство на Ричард Мекларен, во кој меѓу другото се споменува и за замена на примероците на 27 параолимпијци на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.
Извештајот на Мекларен ги потврди скандалозните изјави на поранешниот шеф на Московската антидопинг лабораторија Григориј Родченко, кој во интервју за „Њујорк Тајмс“ (The New York Times) во мај соопшти дека во Русија од 2011 до 2015 година функционирал државен систем за прикривање на позитивни допинг примероци. На Параолимпијадата во Сочи, Русија уверено го освои првото место во вкупниот пласман, откако извојува 13 златни, 11 сребрени и 9 бронзени медали.
Извештајот на Мекларен кој беше претставен на 18 јули во Торонто се смета за прелиминарен. Ниту еден од руските параолимпијци тогаш не беше дисквалификуван за допинг. МОК ја допушти Русија на Игрите.
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и Меѓународниот параолимписки комитет (МПК) се две независни една од друга организации кои можат да донесат различни одлуки. МОК одлучи да не се раководи од принципот за колективната одговорност (претседателот на МОК, Томас Бах ја нарече целосната забрана за учество на руските олимпијци на Игрите „нуклеарно оружје“, а чистите спортисти кои можат да настрадаат од такво решение „колатерална штета“) и нареди одлуките за отстранување да се носат на ниво на федерации. МПК одлучи дека прекршоците направени од страна на Русија се толку сериозни што само целосна забрана би била соодветна мерка. Филип Крејвен изрази сочувство до чистите руски спортисти кои според неговите зборови се „катастрофално уништени“ од руската влада.
Позициите на МОК и МПК можат да бидат објаснети и со разлики во структурата на организациите. Параолимпискиот спорт е многу централизиран и затоа МПК може да носи одлуки за сите федерации, додека МОК има помалку овластувања и е принуден да дејствува во согласност со федерациите, а многу од нив беа против отстранувањето на руските спортисти.
Претензиите на МПК се адресирани не кон конкретни спортисти, ами кон руските власти. „Оваа ситуација не се однесува на спортисти кои го измамиле системот, ами се врти околу една државен систем кој ги изневерил спортистите“, изјави за новинарите Филип Крејвен. Затоа МПК не дисквалификуваше одделни спортисти, туку целата параолимписки репрезентација на Русија и наложи забрана за учество на сите меѓународни натпреварувања. Прва во оваа серија се покажа Олимпијадата во Рио. Ако забраната не биде отстранета тогаш назима ќе бидат погодени и спортистите кои се занимаваат со зимски спортови.
Според претседателот на Параолимписките комитет на Русија Владимир Лукин во тек на 21 ден ќе биде поднесена жалба на решението од МПК до спортскиот арбитражен суд (CAS). Во последните денови пред Олимпијадата во Рио судот одлучи да допушти цела група натпреварувачи кои претходно беа отстранети, вклучувајќи ја и Јулија Ефимова, па и параолимпијците можат да се надеваат на позитивен исход од случајот. Сепак претходно CAS ги одби апелите на руските атлетичари за одлуките на меѓународните федерации за недопуштање на Олимпијадата во Рио.
Правна помош на руските спортисти ќе даде Руската федерална комора на адвокатите. Секретарот на организацијата Константин Добринин во интервју за „Руска реч на македонски“ изјави дека правни механизми за поништување на оваа одлука постојат. „Постои директна повреда на Конвенцијата на ОН за правата на инвалидите, која директно забранува секаква форма на дискриминација и се повикува на член 5 на земјите-членки на Меѓународниот параолимписки комитет, задолжително да остварат ефективна правна заштита од дискриминација на каква било почва“, изјави правникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче