Репрезентацијата на Русија е отстранета од учество во Параолимпијадата 2016 во Рио, соопшти првиот човек на Меѓународниот параолимписки комитет (IPC) Филип Крејвен.
Тој соопшти дека постојат докази дека во текот на Параолимписките игри во Сочи се вршела замена на примероците за тестирање за допинг.
Според него, 21 примерок за тестирање на седум руски спортисти биле повторно тестирани. По извештајот, подготвен од независната комисија на Светската антидопинг агенција (WADA) предводена од Ричард Мекларен, била извршена нова истрага. Како резултат на тоа лабораторијата открила „дека само 19 примероци за тестирање беше можно да бидат проверени, на 18 капачиња беа пронајдени гребнатинки, што докажува дека биле отварани и повторно употребувани“, изјави Крејвен, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче