На денешен ден се појави првиот „Москвич-400“

Terminator216/ CC BY-SA 4.0
Првиот „Москвич-400“ е склопен во „Фабриката за малолитарски автомобили“.

Во „Фабриката за малолитарски автомобили“ (денес Фабрика за автомобили „Ленинов комсомол“, АЗЛК) беше склопен првиот „Москвич-400“. Тоа беше на 4 декември 1945 година.

Автомобилот со 4 седишта развиваше брзина до 90 km/h. „Москвич“ беше правен по примерот на германскиот Opel Kadett K38 – на тоа му „кумуваше“ лично Сталин. Имено, нему многу му се допаднал „Опелот“ на изложбата во Кремљ одржана во 1940 година.

„Москвич-400“ се произведуваше до 1954 година, кога беше заменет со „Москвич-401“ со помоќен мотор, а две години подоцна се појави уште помодерниот „Москвич-402“.

Во текот на 10 години, почнувајќи од 1946 година, од фабричката лента се симнаа 233748 автомобили. И, како што можеше да се очекува, имаше 12 пати помалку кабриолети од обичните лимузини (седани).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња