„Камаз“ го покажа својот кипер без возач „Робокап“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Руската фабрика која ги произведува најдобрите товарни возила пoкажа фотографии од беспилотен кипер. Тоа е врв на инженерингот и дизајнот!

Киперот го нарекоа КАМАЗ Атлант 49 „Робокап“ во чест на познатиот акционен филм од 1980-тите. На прв поглед навистина потсетува на полицаецот-киборг Алекс Марфи.

Камионот наскоро ќе му биде предаден на купувач во Кемерово за тестирање во рудник за јаглен, и ако Робокап се покаже добро на работната задача, ќе започне и масовно производство на ова возило.