Дали Сталин навистина сакал да го исуши Каспиското море?

Public domain
За таков амбициозен проект знаеме благодарение на спомените на генерал-мајор Иван Серов, кој во раните 1950-ти беше првиот заменик на министерот за внатрешни работи на СССР.

Според него, во 1952 година советскиот лидер одржал низа состаноци на кои се разговарало за перспективите за исушување на Каспиското море заради поефикасна експлоатација на рудното богатство.

Во тој момент идејата не изгледала ниту лудо, ниту фантастично. Рударството на морското дно допрва се развиваше, а самото Касписко море претставуваше затворен басен кој немаше директна врска со Светскиот океан.

Серов не присуствувал на овие состаноци, но за нив му раскажувал Сергеј Жук, началник на Одделението за проектирање и истражување на хидротехнички работи („Гидропроект“), кому лично Сталин му наложил „да подготви предлози и пресметки за тоа како и во кој рок може да се исуши Каспиското море“.

Анастас Микојан, потпретседател на Советот на министри на СССР, во текот на дебатата се обидел да му објасни на Сталин дека на тој начин земјата ќе го изгуби црниот кавијар што го извезува во целиот свет за девизи. „Тоа го кажуваш од комерцијална гледна точка, а нам ни треба нафта“, остро му одговорил Сталин.

На крајот Жук му ги претставил сите свои пресметки на „таткото на народите“. Според нив, за пренасочување и дистрибуција на реките требало да се изгради систем на канали и брани. Тој процес би траел речиси пет години и би чинел неверојатни 10 милијарди рубли.

Меѓутоа, дури и во тој случај морето би се полнело од врнежите, што дополнително барало да се организира испумпување на водата. Под овие услови, целосното исушување на дното би било можно дури по 16-17 години.

„Другарот Сталин ислуша и рече: „Е, тогаш не вреди за трудот“, напиша Серов. - Сите го поддржаа на ист начин како и кога рече „да се исуши“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња