„Луна-25“ ја направи својата прва снимка на површината на Месечината 📸

На снимката се гледа јужниот поларен кратер Земан на темната страна на Месечината.

Автоматската станица која се наоѓа во фаза на летање на орбитата на вештачкиот Земјин сателит ја сними површината на Месечината со телевизиски камери на системот СТС-Л.

На снимката се гледа јужниот поларен кратер Земан на темната страна на Месечината. Координатите на кратерот се 75 степени јужна ширина и 135 степени западна должина.

Кратерот Земан, невидлив од Земјата, е специфичен објект на површината на Месечината и предизвикува голем интерес кај истражувачите. Опкружен е со масив кој се издига 8 километри над релативно рамното дно.

Добиените снимки значително ги надополнуваат постоечките податоци за кратерот. Првата снимка на темната страна на Месечината ја направи во октомври 1959 година советската автоматска станица „Луна-3“.

„Луна-25“ ги изврши набљудувањата со помош на инструментите АДРОН-ЛР и ПмЛ, АРИЕС-Л. Беше измерено гама-зрачењето и неутронското зрачење на површината на Месечината, а беа добиени и параметри на вселенската плазма околу Месечината и егзосферата со гасовити честички во орбитата на Месечината.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња